Поддршка од 40 илјади фунти за зајакнување на бизнис-регулатива

Bez autora
Oct 21 2010

"Подобра бизнис-регулатива во Македонија" е последната фаза од Проектот што ќе биде поддржана од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во земјава. Се работи за финансиска поддршка од 40 илјади фунти, а ќе се реализира како техничка помош. Целта на оваа фаза е вкучување на сите инволвирани страни во носењето закони, преоценување на постоечките решенија, нивно подобрување и воведување т.н. код на консултации. Меморандумот за разбирање вчера го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Кристофер, Ивон. Проектот почна пред неколку години и, меѓу другото, предвиде воведување единствен национален електронски регистар во кој моментно се евидентирани преку 1.500 закони и подзаконски акти.

Поддршка од 40 илјади фунти за зајакнување на бизнис-регулатива"Подобра бизнис-регулатива во Македонија" е последната фаза од Проектот што ќе биде поддржана од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во земјава.

Се работи за финансиска поддршка од 40 илјади фунти, а ќе се реализира како техничка помош. Целта на оваа фаза е вкучување на сите инволвирани страни во носењето закони, преоценување на постоечките решенија, нивно подобрување и воведување т.н. код на консултации. Меморандумот за разбирање вчера го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Кристофер, Ивон.

- Проектот почна пред неколку години и, меѓу другото, предвиде воведување единствен национален електронски регистар во кој моментно се евидентирани преку 1.500 закони и подзаконски акти, изјави Пешевски по потпишувањето на Меморандумот.

Електронскиот регистар е направен со цел бизнис-заедницата да ги следи законите кои се на сила, но и оние кои се во предлог-фаза. На порталот можат да се оставаат коментари кои подоцна владата ги разгледува со цел подобра имплементација на законите, но како што кажа Пешевски, бизнис-заедницата повеќе сака да коментира јавно.

Според Ивон регулатива со консултации без компликации се основните принципи на проектот.

-Луѓето и бизнисите треба да ја знаат својата улога, но и влијанието во спроведувањето на регулативата. Јавната и деловната доверба во спроведувањето на законите е многу значајна - порача британскиот амбасадор Ивон.

Вицепремиерот за економски прашања Пешевски вчера објасни и дека има неколку опции како да се реализира продажбата на трите најголеми загубари во земјава. Тој објасни дека пречка што досега не се реализираа тендерите за нивна продажба е што Владата бараше од потенцијалните инвеститори вработените да се задржат во период од пет години.

- Сега се размислува како натаму, дали постапката за приватизација да продолжи како досега, со истите критериуми, или да се објави нов тендер со порелаксирани услови - вели Пешевски. Тој додава дека има и трет начин кој теоретски е можен, но за кој се уште се прават проценка дали треба да се спроведе и да се пристапи кон директни преговори со некакви потенцијални купувачи. Четврта варијанта би била да се направи обид за реструктуирање на овие компании, што би значело потреба од сериозна докапитализација и значително подобрување на менаџерските тимови.

Вицепремиерот оцени дека шансата за приватизација со задржување на вработените е пропуштена пред 15 до 20 години кога компаниите биле во малку или многу подобра позиција од денес.

- Се работи за компании кои е исклучително тешко да се приватизираат во оваа фаза од голем број причини, на некои од нив речиси целиот имот е под хипотека, најчесто има превработеност, технолошка застареност,.што е голем предизвик за секој потенцијален купувач, смета Пешевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik